Admir Fazlagic
08 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
СКОПЈЕ
Владата на Република Северна Македонија на 50-та седница донесе одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд. Почнувајќи од утре (09.05), во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05:00 часот до 19:00 часот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13:00 до 19:00 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05:00 до 12:00 часот. Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата", се вели во соопштението на Владата.
Во Северна Македонија потврдени се 1.586 случаи на коронавирус (Ковид-19), а бројот на смртните случаи е 90. Вкупната бројка на оздравени пациенти од Ковид-19 се искачи на 1.099.