Admir Fazlagic
13 Март 2021•Ажурирај: 13 Март 2021
СКОПЈЕ
Според податоците на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), во Северна Македонија се регистрирани три земјотреси со различна јачина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ЕМСЦ, земјотресите се регистрирани во западниот дел на земјата, во близина на градот Гостивар.
Првиот земјотрес е регистриран со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала во 20 часот и 40 минути по локално време, на 18 километри југозападно од Гостивар.
Вториот земјотрес е регистриран со јачина од 4,7 степени во 22:17 часот по локално време, исто така на 18 километри југозападно од Гостивар.
Третиот земјотрес е регистриран со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала во 22:29 часот по локално време, на 16 километри југозападно од Гостивар.
Сѐ уште нема информации за жртви или материјална штета предизвикана од земјотресот.