Ekipa
14 Декември 2020•Ажурирај: 15 Декември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија од последици предизвикани од коронавирусот (Ковид-19) починаа 26 лица, со што билансот на починати од вирусот се искачи на 2.147, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последното деноноќие регистрирани се 213 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 73.851.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 632 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 50.046.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 e 21.658.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 741 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 365.599.