Admir Fazlagic
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 163 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со овој вирус во земјата се искачи на 5.758, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерстовото за здравство информира дека се регистрирани три смртни случаи предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се искачи 268.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од Ковид-19 се искачи на 2.206. Во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.284.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.074 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на овој вирус.