Kemal Zorlak
27 Март 2021•Ажурирај: 28 Март 2021
САРАЕВО (АА) - Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтер е регистриран попладнево во Јадранското Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Земјотресот се случил во 13:47 часот, со епицентар во Јадранското Море, се наведува на веб-страницата на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Наведено е и дека земјотресот е регистриран на длабочина од 60 километри, на 120 километри јужно од Сплит и 68 километри северозападно од италијанскиот град Виесте.