Senada Ibraimova
08 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ заедно со илјадници придружници и вечерва повторно се собраа пред Владата на Република Македонија (РМ), од каде што го започнаа својот марш кон Собранието на РМ во знак на протест, како што велат, против платформата на албанските партии во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓанското здружение „За заедничка Македонија“ заедно со илјадници граѓани веќе втора недела маршираат низ улиците на Скопје, кадешто го изразуваат својот став против платформата на албанските партии во Македонија.
Тие пред Народната канцеларија на претседателот повторно ја изразија својата поддршка, да не му го даде мандатот на претседателот на Социјал - Демократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев да формира влада.
Пред Собранието на Македонија, дел од организаторите одржаа говор, кадешто упатија порака дека ќе протестираат секој ден, се додека политичките партии не ја решат актуелната политичка криза што ја зафати Македонија. Тие велат дека се против редефинирање, и дека протестираат, против промена на Уставот, името и корените на државата.
Вечерва повторно говорниците ги упатија своите пораки, воглавно против двојазичноста во државата.
Луѓето кои маршираа, носеа транспаренти и македонски знамиња, а по упатените пораки пред Собранието, толпата мирно се раздели.
Протестите против платформата на албанските политички партии во Македонија, се одржуваат и во другите градови низ Македонија.
- Заедничка платформа на албанските партии во Македонија
Таканаречената заедничка платформа на албанските политички партии во Македонија беше постигната по предвремените парламентарни избори на 11 декември минатата година, која содржи неколку барања за правата на Албанците во Македонија.
Лидерите на албанските политички партии се обврзуваа дека нема да учествуваат во новата Влада на Македонија доколку не бидат прифатени барањата наведени во платформата.