Senada Ibraimova
16 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – Вечерва граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ заедно со поддржувачите повторно се собраа пред Владата, од кадешто го започнаа својот марш кон Собранието во знак на протест, како што велат, против платформата на албанските политички партии, јавува Anadolu Agency (AA)
Предводени од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва илјадници граѓани повторно маршираа низ улиците на Скопје, кадешто го изразија својот став против платформата на албанските политички партии.
Пред Народната канцеларија на претседателот, организаторите со придружниците повторно ја изјазија својата поддршка за претседателот Ѓорге Иванов, да не му го даде мандатот на претседателот на Социјал - Демократскиот Сојуз на РМ (СДСМ) Зоран Заев да формира влада, откако претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски не успеа да формира влада во дадениот рок од 20 дена, а на претседателот Иванов остана одлуката кому ќе биде доделен мандатот за формирање на новата влада.
Пред Собранието, дел од организаторите и поддржувачи на овој протест одржаа говор, кадешто ги упатија своите пораки, гелерално, против двојазичноста во државата.
Тие нагласија дека нивните ултимативни барања се, „да се стави крај на оваа платформа“, „не за бинационална држава“, „за мултиетничка Македонија“ и „не за двојазичност во државата“. Исто така потенцираа дека, нема да престанат да се собираат и протестираат се’ додека не им се исполнат барањата.
Луѓето кои маршираа, носеа транспаренти и македонски знамиња, а по упатените пораки пред Собранието, толпата мирно се раздели.
Протестите против платформата на албанските политички партии во Македонија, кои се одржуваат веќе осумнаесетти ден, освен во главниот македонски град, се одржуваат и во и во градови во државата.
- Заедничка платформа на албанските партии во Македонија
Таканаречената заедничка платформа на албанските политички партии во Македонија беше постигната по предвремените парламентарни избори на 11 декември минатата година, која содржи неколку барања за правата на Албанците во Македонија.
Лидерите на албанските политички партии се обврзуваа дека нема да учествуваат во новата Влада на Македонија доколку не бидат прифатени барањата наведени во платформата.