Andelija Stojkovic
07 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
БЕЛГРАД (АА) - Пилотите Дејан Пандуровиќ и Ненад Чулибрк загинаа денес, при пад на воен авион во близина на Шабац, соопшти Министерството за одбрана на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено, потполковник Чулибрк беше во Командата на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана, додека капетанот Пандуровиќ беше член на 252. училишно тренерско воздухопловство.
Министерството за одбрана издаде наредба инспекцијата да го истражи случајот, додека Генералштабот на Српската армија нареди да се формира комисија што ќе се занимава со утврдување на околностите во кои се случила несреќата.
Министерот за одбрана, Зоран Ѓорѓевиќ, и началникот на Генералштабот, Љубиша Диковиќ се упатија на местото на несреќата.
Борбениот авион за обука на пилоти „Супер галеб Г4“ се урна денес, околу 10.30 часоот, во Слатина кај Шабац.