Vakkas Doğantekin
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Епицентарот на Ковид-19 во Јужна Америка, Бразил, по денешните бројки стана трета земја во светот по број на случаи со коронавирус во светот, надминувајќи ги Велика Британија, Шпанија и Италија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во земјата се регистрирани 255.368 случаи на Ковид-19 и скоро 17.000 смртни случаи.
Здравствените експерти велат дека вистинскиот број на случаи може да биде уште поголем поради недоволното тестирање во земјата, која брои околу 210 милиони жители.
Манаус, во бразилски Амазон, неодамна мораше да одреди простор за масовни гробишта за да ги закопа жртвите од Ковид-19, додека болниците во Сао Паоло достигнаа капацитет на исполнетост од 90 отсто.
За време на викендот, претседателот Жаир Болсонаро повторно ги критикуваше мерките за изолација на државата. Тој им се обрати на своите поддржувачи на демонстрациите во неделата, каде што ја тргна маската за лице и се фотографираше со деца.
„Ова е чиста манифестација на демократија. Навистина сум почестен со ова“, истакна тој пред поддржувачите кои се спротивставија на наредбите да останат во своите домови.
Минатата недела, бразилскиот министер за здравство, Нелсон Теич, поднесе оставка по помалку од еден месец на функцијата. Болсонаро повика на широка употреба на лекови како хлорокин во борбата против вирусот, чија употреба Теич не ја одобри за сите пациенти.