Mustafa Talha Öztürk
27 Октомври 2022•Ажурирај: 28 Октомври 2022
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот Парламент синоќа ја избра новата Влада, седум месеци по општите избори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во земјата на 3 април беа одржани избори за избор на нов претседател, членови на Парламентот кој брои 250 пратеници и локални власти.
Новата Влада беше избрана со 157 гласа „за“ и 68 „против“ во српскиот Парламент.
Премиерката Ана Брнабиќ по третпат ќе биде премиерка во новата Влада, која ќе се состои од 28 министерства, вклучувајќи ги и новоформираните Министерство за наука, иновации и технолошки развој, Министерство за туризам и млади и Министерство за јавни инвестиции.
По гласањето, Брнабиќ и новите министри дадоа заклетва на функциите.
Во заклетвата беше вклучено и зачувувањето на Косово во рамките на Република Србија.
На церемонијата присуствуваа и српскиот претседател Александар Вучиќ, дипломати и претставници на верските заедници.
Новиот Кабинет има 28 министри и се состои од 25 министерства, со тројца министри без ресор.
Пред гласањето, Брнабиќ во последното обраќање рече дека за неа е многу важно Србија, во особено тешки и предизвикувачки времиња, да има „само и исклучиво просрпска Влада“, која ќе биде Влада на континуитет.
„Затоа за нас е важен зборот српска, просрпска Влада, бидејќи сите заедно сме на важна задача од национален интерес“, рече Брнабиќ.