Ekip
03 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
КИЕВ (АА) - Украинската полиција и демонстрантите се судрија во шаторскиот камп пред зградата на парламентот во Киев, по кое од полицијата соопштија дека се уапсени 50 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција Интерфакс наведува дека високо позиционираниот полициски службеник Андреј Кришенко изјавил дека по судирите утринава медицинска помош побарале шестмина демонстранти, и дека се повредени и четири полицајци.
Во октомври минатата година беше поставен шаторски камп од страна на поддржувачите на Микаил Сакашвили, поранешниот претседател на Грузија, кој подоцна стана истакната опозициска личност во Украина. Сакашвили е депортиран од Украина на 12 февруари оваа година.
Демонстрантие бараат основање на националниот антикорупциски суд.
Кришенко додаде дека до судирите дошло кога полицијата се обидела да спроведе истраа за судирот кој се случи во вторник и во кој беа повредени 15 полициски службеници.
Медиумските извештаи, од друга страна, велат дека полицијата денес им наредила на демонстрантите да го отстранат шаторскиот камп.