Zülfiya Yakup
14 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
ПРИШТИНА (AA) - Претседателот на Косово Хашим Тачи порача денеска дека илегалниот воз, кој „од Србија со националистичките обележја тргнал на Косово", треба да се запре, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Белград утрово без договор со Приштина тргна воз на промотивната железничка линија на релација Белград-Северна Митровица, која не функционирра од 1999 година. Возот предвиден за таа релација стаса од Русија и однадвор е во боите на знамето на Србија со имињата на православните цркви и манастири на Косово, додека внатрешноста на возот е украсена со мотивите на културното и духовното наследство на Србите од Косово.
„Косово ја почитува слободата на движењето на луѓето и стоката, но влегувањето на воз со националистичка налепница од Србија, што е во спротивност со Уставот и законите на Косово, потполно е неприфатливо", напиша Тачи на својот Фејсбук профил.
Тој додаде дека во тој воз се и високите функционери на Србија, кои имаат немаат дозвола да влезат на Косово според важечките процедури.
„Затоа, било што нелегално, што го загрозува државниот суверенитет на Косово треба да се спречи. Овој воз е провокација во низа и косовската власт треба да преземе неопходни законски мерки за негово итно запирање", порача косовскиот претседател.
Министерката за дијалог во Владата на Косово, Едита Тахири побара синоќа од Европската унија (ЕУ) да го запре илегалниот воз кој Србија го покренува на релација Белград-Северна Митровица. Тахири оцени дека станува збор за уште една провокација во низа со цел дестабилизација на ситуацијата во Косово, која е во спротивност со „духот на дијалогот во Брисел за нормализација на соседските односи помеѓу двете држави".