Furkan Abdula
31 Јули 2020•Ажурирај: 01 Август 2020
СКОПЈЕ (АА) - Здружението за култура, солидарност и образование „Енсар“, со седиште во Скопје, денеска во главниот град спроведува жртвување на курбан во соработка со турските институции: Хуманитарната фондација за човекови права и слободи (İHH), Здружението за добротворни цели и Здружението за култура и солидарност „Хачкали Баба“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на здружението, Енсар Сулејман Баки, за АА изјави дека спровеле жртвување курбан на 11 грла крупна стока донирани од Фондацијата ИХХ, 5 грла крупна стока од Здружението за добротворни цели и 5 грла крупна стока од Здружението за култура и солидарност „Хачкали Баба“, додавајќи дека даденото полномоштво за жртвувањето на донираните животни е извршено во Скопје и во источниот дел на Северна Македонија.
Баки информира дека во скопското село Студеничани, освен жртвувањето на курбаните донирани од турските организации, жртвувана е и стоката донирана од скопскиот еснаф и населението, велејќи: „Жртвувани се 50 грла крупна стока. Курбанското месо, донирано од турските организации, ќе биде поделено во источниот дел на Северна Македонија, во подрачјето на Струмица, општина Василево, првенствено во јуручките села Горно Маало, Ново Маало и Градошор.“
„Стоката жртвувана во Скопје ќе биде поделена во околината на Скопје и на сиромашните семејства што живеат во Скопје. Во околината на Скопје и во источниот дел на Северна Македонија ќе биде поделено месото од жртвуваните 50 грла крупна стока. Курбанското месо ќе им биде поделено на приближно 2.000 семејства“, рече Баки.
Во исто време, претседателот на „Енсар“, Сулејман Баки, им се заблагодари на сите донатори од Турција и Скопје упати честитка по повод Курбан бајрам.