Shpetim Hiseni
01 Ноември 2025•Ажурирај: 02 Ноември 2025
СКОПЈЕ (AA) – Северна Македонија утре ќе оди на гласање за вториот круг од локалните избори, каде граѓаните ќе избираат градоначалници за 32 општини и Градот Скопје, јавува Анадолу.
Според Државната изборна комисија (ДИК), право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Гласањето за градоначалници ќе се одвива во Градот Скопје и во општините Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.
За изборите – прв и втор круг – се регистрирани вкупно 22 политички партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи и независни кандидати.
Првиот круг, одржан на 19 октомври, резултираше со избор на 44 градоначалници и општински совети, со исклучок на Шуто Оризари, каде на три гласачки места ќе се гласа за градоначалници и ќе има прегласување и за советници.
Во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово не беше избран градоначалник во првиот круг поради тоа што не беше постигнат цензусот на излезност од најмалку една третина. Во овие општини ќе започне нова изборна постапка во рок од 60 дена по објавувањето на конечните резултати, согласно Изборниот законик.
Кампањата за вториот круг заврши в петок на полноќ.
Гласањето во недела (2 ноември) ќе се одвива од 07:00 до 19:00 часот.
Процесот на гласање на локалните избори во Северна Македонија ќе го следат 1.598 набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународни.