Kayhan Gül
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
САРАЕВО (АА) - Хрватските медиуми тврдат дека во болница починал воениот злосторник, поранешен хрватски генерал Слободан Праљак, кој испи отров за време на денешното рочиште на Советот за жалби при Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг, јавува Anadolu Agency (AA).
Хрватска официјална новинска агенција ХИНА објави вест заснована на изјава од лице блиско до поранешниот хрватски генерал, во којашто се наведува дека Праљак починал во болницата каде што бил префрлен.
Голем број локални медиуми во Хрватска и во БиХ ја објавија веста за смртта на Праљак врз основа на разни неофицијални извори.
Советот за жалби при Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг, кој го осуди Праљак на 20 години затвор, сѐ уште не даде никаква официјална изјава во врска со смртта на Праљак.
Откако Советот за жалби ја прочита пресудата, Праљак извика: „Слободан Праљак не е воен злосторник“ и се напи недефинирана течност. По изјавата на адвокатот на Праљак дека неговиот клиент испил отров, судењето беше прекинато.
Праљак со амбулантно возило беше пренесен во болница.