Adis Karaca
29 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
САРАЕВО (AA) - Жалбениот сoвет на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКСЈ) ги потврди казните од првостепената пресуда од 2013 година на Јадранко Прлиќ, Бруно Стојиќ, Слободан Праљак, Миливоје Петковиќ, Валентин Ќориќ и Берислав Пупиќ, со што се прогласени за виновни за злосторства против муслиманско-бошњачкото население во таканаречената Хрватска Република Херцег Босна (ХРХБ) и осудени на вкупно 111 години затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Потврдена е пресудата од 25 години затвор за поранешниот претседател на Хрватскиот совет на одбраната (ХВО) и претседател на Владата на „Хрватска Република Херцег-Босна" (ХРХБ), Јадранко Прлиќ, и по 20 години на поранешниот началник на одделот за одбрана задолжен за единиците на вооружените сили на таканаречената ХРХБ, Бруно Стојиќ, и поранешниот командант на Главниот стожер на ХВО, Слободан Праљак.
Изрекувањето на пресудата беше прекинато на почетокот од читањето на пресудата на Миливое Петковиќ, инаку првостепено осуден на 20 години затвор, откако Слободан Праљак тврдеше дела испил отров.
„Слободан Праљак не е воен злосторник. Протестно ја отфрлам вашата пресуда", рече Праљак, по што претседавачот на Жалбениот совет, Кармел Агиус го прекина читањето на пресудата на Петковиќ и даде пауза.
По неколку часа пауза, продолжено е читањето на пресудата од судница 3, наместо во судница 1.
Жалбениот совет на МКСЈ ја потврди првостепената казна од 20 години затвор за Миливое Петковиќ, а потврдена е казната на Валентин Ќориќ од 16 години затвор и на Берислав Пушиќ казната од 10 години затвор.
Тие се осудени за злосторства против човештвото и за кршење на законот и обичаите на војување за време на војната во Босна и Херцеговија во текот на '90-тите години.
Сѐ се случуваше помеѓу 1992 и 1994 година во осум општини и пет заложнички логори, во првобитно таканаречената Хрватска заедница Херцег-Босна, а подоцна во таканаречената Хрватска Република Херцег-Босна.
Првобитното обвинение против Прлиќ, Стојиќ, Праљак, Петковиќ, Ќориќ и Пушиќ потврдено е на 4. март 2004 година, а втора измена на обвинението е поднесена на 11 јуни 2008 година и стана важечко обвинение.
Споменатите шестмина доброволно се предадоа на Хашкиот суд на 5 април 2004 година.
Судењето започна на 26 април 2006 година, а завршните зборови се изнесени од 7. февруари до 2 март 2011 година.