АНКАРА (АА) - Тугрул ЏАМ / Синан ДОГАН
Претседателот на Центарот за латиноамерикански истражувања (LAMER) при Универзитетот во Анкара, Неџати Кутлу, смета дека тоа што одредени земји, меѓу кои и САД, го признале Хуан Гваидо, кој се самопрогласи за претседател на Венецуела, претставува занемарување на меѓународото право и правда.
Кутлу за промените во Венецуела интензивирани во последно време, разговараше со новинарот на Anadolu Agency (AA).
Во оваа пригода тој го нагласи фактот дека Венецуела е една од најзначајните земји на Латинска Америка.
Се осврна и на нејзиниот пат низ историјата и посебно ги истакна борците за независност: Франциско де Миранда и Симон Боливар. Кутлу во оваа пригода изјави дека Венецуела е подрачје на кое се јавила првата идеја за независност во Латинска Америка и дека промените во оваа земја се одразиле на целиот континент.
Исто така, укажа и на фактот дека Венецуела е особено богата со нафтени подрачја.
Тој ги коментираше и последните случувања во оваа земја, потсетувајќи дека во времето додека Хуго Чавез бил на власт, дошло до одредени промени во земјата, а зборуваше и за нејзините односи со САД.
„САД во времето на мандатот на Чавез се обидоа економски да ја притиснат Венецуела и периодично успеваа“, изјави Кутлу, и додаде дека моменталниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, привремено го наследил Чавез по неговата смрт.
Тој потсети и дека подоцна се одржани избори. Истакна дека изборите за вториот мандат се одржани во мај 2018 година. Кутлу додаде дека во овој процес случувањата додатно се продлабочени и дека Организацијата на американски држави (OAE) со групата Лима се обидела да ја промени власта во Венецуела.
Додавајќи дека оваа земја поминува низ процес на немири, започнат од зборовите на опозицијата дека изборите не ги сметаат за легитимни, ниту ја признаваат власта на Мадуро, Кутлу потсети дека тоа е став изнесен на денот кога Мадуро полагал заклетва.
„Клучната точка на овој процес беше кога претседателот на Националното собрание, Хуан Гваидо, сам на себе си положи заклетва и рече: ’Јас ја преземам функцијата претседател‘. Тој тука се повика на ставките 233 и 333 од Уставот, но не се исполнети условите во овие ставки. Страната на Гваидо е онаа која го крши Уставот. Кога нема можност против избраниот претседател да каже дека се заколнал и ја презема функцијата претседател, така и со последиците поттикнува на извршување на кривично дело. Поради тоа, јас од почетокот очекувам покренување на истрага. Покренувањето на истрагата го сметам за природно“, изјави Кутлу.
Запрашан да ја прокоментира одлуката на САД да го признаат самопрогласениот претседател Гваидо, Кутлу изјави дека идните генерации ќе видат, ќе ги анализираат случувањата во наредната година низ која поминуваат, и дека ќе учат од историјата.
„Посведочивме на две значајни работи. Едната е убиството на Џамал Кашоги во Конзулатот на сопствената земја и непронаоѓањето на распарченото тело. Тоа не е дури ни газење на правото, правен поредок ни правда, не е нивно фрлање под нозе, туку егзодус. Сакам да кажам, заедно со телото на Кашоги е уништен меѓународниот правен поредок. Но како тоа да не е доволно, во Венецуела се случува друга работа“, изјави Кутлу.
Тој смета дека може да се случи да постојат кругови кои тврдат дека е лошо управувањето со Венецуела и дека земјата се соочува со многу проблеми.
„Причините може да се утврдуваат, но она што не смее да се направи е, доколку постои правен поредок, доколку постои некоја западна демократија, некое поимање на демократија, да не се признае избраниот претседател“, изјави Кутлу.
Тој потсети дека човекот започнува да се преиспитува самиот себе, светот и поимањето на правото во време кога поголемиот дел од земјите на Организацијата на американски земји, супер сили, меѓу кои и САД, како и истакнатите земји на ЕУ, меѓу кои се Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија, одат чекор понатаму и го признаваат претседателот на Собранието кој се самопроласи за претседател на државата.
„Прашањето е, доколку нема меѓународно право ни правда, каков ќе биде поредокот во светот?“, изјави Кутлу.
Тој укажа на можноста светот да го очекуваат големи проблеми, и дека овие наведени случаи би можеле да ја променат светската историја, поради што под итно треба нешто да се стори и двата процеса да се пренасочат во спротивна насока.
„Како што се занемарани меѓународното право и правдата во случајот со убиството на Џамал Кашоги, истата работа се прави и во Венецуела. Мислам дека тоа што во двата случаја се игнорираат некои работи, или тоа што не се истерани на виделина, ќе ги промени темелните вредности и рамнотежата во светот. Тоа не е посакувана ситуација и треба да се спротивстави секој разумен интелектуалец и државник во сите држави на светот“, смета Кутлу.
Запрашан да го прокоментира притисокот на САД на Мадуро и да изнесе очекувања како процесите и сценаријата би можеле да се одвиваат, Кутлу изјави дека светот поминува низ опасен процес.
Тој потсети на американските санкции кон Венецуела, поточно кон нафтените компании. Се осврна и на рокот од осум дена кој земјите на ЕУ го дадоа на Мадуро да распише нови избори. Истакна дека станува збор за земји кои се во предност кога станува збор за демократијата.
Кутлу изјави дека за ситуацијата во Венецуела разговара со експерти, и дека еден од нив е и аналитичарот Хорхе Абарка дел Карпио.
„Карпио, имено“, додава Кутлу, „предупредува дека ако Венецуела ја замислиме како балон, можеме да видиме дека тој балон постојано се дуе и дека се можни два исхода. Смета дека едниот од нив е дека балонот ќе биде пренадуен и ќе пукне, а дека другиот полека ќе дојде до испуштање на воздух, што претставува поволен исход.“
Тој додаде дека кон ситуацијата треба да се пристапи во согласност со правото, бидејќи во спротивно двете страни ќе поминат низ процес на радикализација. Потсети дека на уличните судири и демонстрации организирани од 21 јануари загинале повеќе од 40 лица.
„Доколку смртта на еден човек е смрт на целото човештво, тогаш можеме да видиме дека човештвото е убиено 40 пати. Тоа не смееме да го дозволиме. Не смееме да дозволиме недостиг на храна, хигиенски потреби, а особено лекови во Венецуела“, изјави Кутлу.
Исто така смета дека воената интервенција во Венецуела е рамна на нула, но дека не сака ни да размислува за неа.
Запрашан дали смета дека процесот низ кој поминува државата, би можел да прерасне во внатрешен судир или крвопролевање, Кутлу изјави дека тоа е малку поголема веројатност од воената интервенција однадвор.
„Со сигурност мора да постои дијалот, но доколку некој каже ’не ја признавам легитимната власт‘, дијалогот не може да функционира“, смета Кутлу.
Тој укажа на можноста на одржување на референдум на кој граѓаните, по истекување на половина мандат на избраната власт, би одговориле дали претседателот останува на функција до крајот на траењето на мандатот или не.
Уставот на Венецуела предвидува и друга опција, а тоа е реформата на овој највисок државен акт од страна на уставотворното Собрание и државниот Парламент. За стапување на сила на таквите реформи е потребно референдумско одобрување на народот. Во таков случај се завршуваат мандатите на сите нивоа на власта и се распишуваат нови избори.
Тој смета дека покрај овие две демократски опции, опозицијата, сепак, предвидува чекори како демонстрации на улиците, судири и самопрогласување на функцијата претседател.
Мислењата се дека меѓународната заедница би можела да придонесе, со тоа што ќе помогне во водењето на преговорите помеѓу страните, особено кај опозицијата, да се вратат во правни рамки, да се пружи поддршка на потребите на народот на Венецуела и да се намалат последиците од ембаргото.
news_share_descriptionsubscription_contact
