Tolga Yanık
07 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на биткоини кои беа „ископани“ и пуштени во оптек достигна 19 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Додека бројката на биткоини во оптек беше само 50 на 3 јануари 2009 години, датумот на појавата на биткоинот, таа досега постојано се зголемува.
Зголемувањето на бројот на биткоини во оптек го прават таканаречените „рудари“ (копачи) преку специјално дизајнирани уреди.
Заклучно со април 2022 година, бројката на ископани биткоини достигна 19 милиони.
Кога бројката на биткоините ќе достигне 21 милион, „копањето“ ќе запре.
Експертите предвидуваат дека производството на биткоинот ќе заврши до 2140 година, бидејќи тоа се преполовува во просек на секои четири години.
Иако трошоците за „копањето“ се зголемуваат со текот на времето, зголемувањето на вредноста на биткоинот споредбено со изминатите години предизвика зголемување во приходот на „рударите“.
Вкупниот приход генериран од „рударите“ на мрежата „Биткоин“ минатата година надмина 15 милијарди долари.
Биткоинот, кој е најпопуларен помеѓу криптовалутите со пазарна вредност од повеќе од 870 милијарди долари, привлекува внимание и на инвеститорите и на „рударите“.
Криптовалутата, која забележа историски врв со вредност од повеќе од 68.000 долари во ноември минатата година, тргуваше на нивоа од 40.000 долари во изминатите недели.
Копањето на криптовалутата е исто така на дневен ред поради електричната енергија која ја троши и влијанието на животната средина.
Во последниот период, кога цените на суровините за зголемени во полето на енергетиката, некои земји воведоа ограничување за „копањето“.
Од друга страна, многу технолошки компании, вклучително и „Интел“, развиваат производи за хардвер кој „копа“, кој ќе троши помалку енергија и ќе го намали влијанието на животната средина.