Sefa Şengül
08 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Хакерите украдоа 7.000 биткоини во вредност од 41 милион долари на компанијата „Binance Exchange“, која за своите клиенти собира биткоини и други криптовалути, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“, компанијата „Binance Exchange“ соопшти дека хакерите влегле во нивниот систем и украле 7.000 биткоини, и дека по овој случај суспендирани се процесите за повлекување пари од платформата.
Претставниците на оваа компанија истакнаа дека хакерите користеле различни техники за напад, и дека пред да повлечат голем број биткоин пристапиле до неколку сметки и со трпение чекале.
По нападот, компанијата соопшти дека ги запрела сите процеси за повлекување пари, и дека наредната недела повторно ќе се регулираат процесите за повлекување пари.