Gökhan Ergöçün
29 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Според официјалните очекувања, годишната стапка на инфлацијата во Германија во јуни се намали на 7,6 отсто. Претходниот месец очекуваната годишна инфлација во оваа земја изнесуваше 7,9 отсто, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Федералниот завод за статистика „Дестатис“ рече дека потрошувачките цени се зголемени за 0,1 отсто на месечна основа.
Усогласениот индекс на потрошувачките цени во еврозоната се зголеми за 8,2 отсто на годишно ниво.
„Цените на енергијата, особено, значително се зголемија од почетокот на војната во Украина и имаа значително влијание врз високата стапка на инфлација“, рече „Дестатис“.
Според властите, цените на енергијата во Германија се зголемиле за 38 отсто во јуни на годишно ниво.
„Цените на храната, исто така, се зголемија за 12,7 отсто на годишно ниво во јуни“, се вели во извештајот.
„Дестатис“ рече дека порастот на цените е и поради прекините во синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата на Ковид-19.