Bahattin Gönültaş
30 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
БЕРЛИН (АА) - Германската енергетска компанија „Унипер“, наведувајќи дека ја намалува прогнозата за профитот за 2022 година, соопшти дека е во преговори со германската Влада за можна помош, бидејќи руската енергетска компанија „Гаспром“ го намалува снабдувањето со гас во Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на „Унипер“ се нагласува дека од 16 јуни досега од „Гаспром“ се добиени само 40 отсто од договореното количество гас.
Компанијата, исто така, ја приспособи прогнозата за нето-приходот за фискалната 2022 година, која беше објавена претходно.
Нагласувајќи дека е во преговори со германската Влада за можни мерки за стабилизација на ликвидноста како заеми и вложувања во капитал, акциите на „Унипер“ вчера на берзата загубија речиси 20 отсто.