Murat Temizer
30 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Триесет отсто од изградбата на поморската делница на гасоводот „Турски тек“ е завршена, доцна синоќа соопштија од компанијата изведувач на проектот на поморската делница, пренесува Anadolu Agency (AA).
Компанијата „South Stream Transport B.V“ (Саут стрим транспорт Б.В) соопшти дека најголемото конструкциско пловило во светот, „Pioneering Spirit“ (Пионерски дух), завршило со поставувањето на цевките во должина од околу 555 километри за двете линии на „Турски тек“.
Пловилото коешто се движи со просечна брзина од 5 километри на ден, го заврши овој сегмент од проектот за помалку од седум месеци.
„Вкупно 555 километри од гасоводот се поставени, подеднакво поделени во должината на двете линии. Изградбата на 30 проценти од поморската делница на гасоводот е реализирана за помалку од седум месеци“, објави компанијата.
Кога ќе бидат завршени актвиностите на изградба, проектот „Турски тек“ ќе се состои од два цевовода на подморската делница со вкупен капацитет на транспорт до 31,5 милијарди кубни метри природен гас годишно.
Компанијата објави дека „Pioneering Spirit“ ќе продолжи со изградбата на двата цевковода што ќе бидат поставени сѐ до турското крајбрежје, во близина на градот Мидија (Kiyikoy), кој се наоѓа на околу 100 километри западно од Истанбул.