Behlül Çetinkaya
13 Август 2018•Ажурирај: 14 Август 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Министерството за надворешни работи на Пакистан ги критикуваше санкциите на САД кон Турција, повторно потврдувајќи ја својата силна поддршка за мирот и благосостојбата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на оваа земја се наведува дека Пакистан е против спроведувањето на едностраните санкции поставени кон која било земја.
Се вели дека проблемите можат да се решаваат преку дијалог и со добра намера. „Секој чекор и секое дејство што ќе се направи во спротивна насока, не само што го ослабува мирот и стабилноста, го отежнува и решавањето на овие проблеми“, се нагласува во ова соопштение.
„Пакистан ја цени вредната улога на Турција во националниот и регионален мир и стабилност. Исто така, Турција е моторот на глобалната економија и нејзина значајна членка. Пакистанскиот народ и Влада уште еднаш ја потврдуваат нивната силна поддршка за мирот и благосостојбата на Турција, и како секогаш, ќе бидат до оваа земја на нејзиниот пат кон постигнување на овие заеднички цели“, се вели во соопштението на пакистанското Министерство за надворешни работи, каде што се истакнува дека Турција е значајна земја за националната и регионалната стабилност и мир.