ИСТАНБУЛ (АА) - БЕЛГИН ЈАКИШАН МУТЛУ -
Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово, Грција, Романија, Србија и Словенија го зголемија увозот од Турција во првите девет месеци од оваа година, покажуваат податоците на Собранието на турските извозници (TIM), проследени до Anadolu Agency (AA).
Така, споменатите земји, според податоците на ТИМ, во првите девет месеци од оваа година увозот од Турција го зголемиле за 3,7 отсто, а неговата вкупна вредност во споменатиот период достигна приближно десет милијарди американски долари (9.819.400.000). Во истиот период минатата година таа цифра изнесуваше 9.470.200.000 американски долари.
Истовремено, увозот на Северна Македонија, Хрватска и Бугарија во споменатиот период е намален.
Најголем увоз во првите девет месеци од 2019 година забележа Романија, во која од Турција е увезена стока во вредност од две милијарди и 868 милиони долари. Следуваат Бугарија со милијарда и 878 милиони, Грција со милијарда и 552 милиони и Словенија со милијарда и 234 милиони долари.
Во истиот период во Србија од Турција е увезена стока во вредност од 683 милиони долари, во Албанија 345,3, БиХ 331,8, Хрватска 299,5, Северна Македонија 287,6, Косово 245,2 и Црна Гора 95,8 милиони долари.
- Најголем раст бележат Црна Гора и Словенија -
Според податоците на Собранието на турските извозници, осум земји во регионот го зголемиле увозот од Турција во периодот од јануари до септември оваа година, во однос на истиот период 2018 година, додека во три земји увозот е намален.
Најголем раст во анализираниот период забележа Црна Гора, која во првите девет месеци од 2019 година во однос на истиот период минатата година забележа раст од 87 отсто. Во Црна Гора во 2018 година е увезена турска стока во вредност од 51,3 милиони долари, додека во истиот период оваа година таа цифра достигна 95,8 милиони долари.
По Црна Гора следува Словенија, која забележа раст на увозот од Турција за 18 отсто.
Албанија забележа раст од 17,4 отсто, Косово 10,7, Србија 6,5, БиХ 6,2, Грција 1,9 и Романија 0,9 отсто.
Северна Македонија забележа пад на увозот од Турција за 0,7 отсто, Бугарија за 3,1 и Хрватска за 3,8 отсто.
- Половина од увозот од Истанбул -
Земјите од регионот најмногу работат со компаниите од најнаселениот и најголем град во Турција, Истанбул.
Така на вкупниот увоз на земјите од регионот на Истанбул отпаѓа вредноста на стоката од четири милијарди и 478 милиони долари, што претставува 45,6 отсто од вкупниот увоз.
Земјите на регионот најголем увоз од Турција забележаа кога е во прашање секторот на автомобилската индустрија, а вредноста на увоз од овој сектор надминува две милијарди долари, следуваат секторите со хемиски преработки, метал, текстил и електроника.
Табеларен приказ:
| 2018, јан.- септ.(000 долари) | 2019, јан.- септ.(000 долари) | Разлика (%) | |
| РОМАНИЈА | 2.841.893 | 2.868.252 | 0,9 |
| БУГАРИЈА | 1.938.438 | 1.877.595 | -3,1 |
| ГРЦИЈА | 1.522.984 | 1.551.871 | 1,9 |
| СЛОВЕНИЈА | 1.045.024 | 1.233.434 | 18,0 |
| СРБИЈА | 641.568 | 682.973 | 6,5 |
| АЛБАНИЈА | 294.159 | 345.266 | 17,4 |
| БиХ | 312.563 | 331.813 | 6,2 |
| ХРВАТСКА | 311.362 | 299.536 | -3,8 |
| СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА | 289.575 | 287.645 | -0,7 |
| КОСОВО | 221.392 | 245.185 | 10,7 |
| ЦРНА ГОРА | 51.236 | 95.823 | 87,0 |
| ВКУПНО | 9.470.195 | 9.819.393 | 3,7 |
news_share_descriptionsubscription_contact
