Mümin Altaş
24 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - „Турција, според индексот за условите за водење бизнис на Светската банка, од 43. место се искачи на 33. место“, истакна потпретседателот на Турција, Фуат Октај, пренесува Anadolu Agency (AA).
Потпретседателот Октај, во писменото соопштение истакна дека по успесите што следеа еден по друг и на терен и на маса во рамките на операцијата „Извор на мирот“, денес Турција обезбеди значителни придобивки и во економијата.
Истакнувајќи дека почнале да даваат плодови спроведените сеопфатни и целно ориентирани економски политики под раководството на претседателот Реџеп Таип Ердоган, заменик-претседателот Октај рече дека и покрај обидите за манипулации и економските напади, турската економија со својот потенцијал постигнала уште еден успех на меѓународната сцена.
Турскиот потретседател информираше дека Светската банка го објавила последниот извештај на „Дуинг бизнис“ („Doing Business“), со кој се анализираат условите за инвестиции во земјите.
„Во согласност со нашите очекувања, Турција, според индексот за условите за водење бизнис на Светската банка, од 43. место се искачи на 33. место. Пред две години бевме на 60. место, има подобрување од 27 места. Во период на глобални трговски војни и во време на голема конкуренција за привлекување директни инвестиции и од неразвиените и од развиените земји, напредокот на Турција за 27 места е многу значаен“, нагласи Октај.
„Турција со овој напредок се смести на 11. место меѓу земјите од Г-20 според индексот на „Дуинг бизнис“ (Doing Business)“, рече Октај и додаде:
„Би сакал да истакнам дека 33-то место не е доволно за нас. Нашата цел е да се искачиме на повисоко ниво според индексот и да бидеме меѓу првите 20 земји. Под раководството на нашиот претседател ќе продолжиме да работиме за да ги зголемиме директните странски инвестиции, а исто така да овозможиме подобри услови за работа на малите и средните претпријатија.“