Elena Teslova
28 Март 2022•Ажурирај: 29 Март 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес им наложи на Владата, Централната банка и компанијата „Гаспром“ до 31 март исплатите за испорака на гас да ги префрлат во рубљи за „непријателските земји“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Претседателот Владимир Путин исто така повика на извештај за спроведувањето на задачата на 31 март“, се вели во соопштението на веб-страницата на Кремљ.
„Претседателот им наложи на Владата, на Централната банка на Русија и на Јавното акционерско друштво „Гаспром“ да спроведат пакет мерки за промена на валутата во руска рубља за плаќање на испораките на природен гас во Европската Унија и во други земји кои воведоа рестриктивни мерки кон граѓаните на Руската Федерација и руските правни лица“, се вели во соопштението.
На 23 март, Путин рече дека повеќе нема никаква причина да се продолжи со користење на доларот и еврото откако САД и ЕУ воведоа санкциии кон Русија.
Војната помеѓу Русија и Украина, што започна на 24 февруари, наиде на остра меѓународна осуда.
Според Обединетите нации (ОН), досега во Украина животот го изгубиле најмалку 1.119 цивили, додека 1.790 се ранети.
Над 3,82 милиони Украинци ја напуштиле земјата и пребегале во соседните земји, а милиони се раселени во границите на земјата, според Агенцијата за бегалци на ОН.