Gülbin Yıldırım
23 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американската администрација ѝ дозволи на компанијата „Ербас“ да му продаде на Иран повеќе од 100 авиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за АА, од компанијата „Ербас“ со седиште во Франција истакнаа дека Управата за контрола на надворешни средства (ОФАЦ) издала дозвола за компанијата „Ербас“, за продажба на авиони на компанијата „Иран ер“ во вредност од 20 милијарди долари.
Во изјавата се вели: „Потврдуваме дека ја добивме втората лиценца од ОФАЦ во рамките на потпишаниот договор во јануари 2016 година, во Париз. Ова лиценца ќе овозможи да продолжат преговорите за успешно реализирање на договорот за продажба.
Откако стапи во сила нуклерниот договор потпишан од земјите П5+1, компаниите „Ербас“ и „Иран ер“ се договорија за продажба на 118 авиони. Првата лиценца за продажба на 17 авиони на Иран, ОФАЦ ја доби на крајот на септември.
Поради тоа што најмалку 10 проценти од авионите се произведуваат во САД, компанијата без одобрение на Вашингтон не може да ја реализира продажбата на авионите на Иран.
По потпишувањето на нуклеарниот договор во јули 2015 година, американската администрација почна да попуштаво однос на инвестициите во Иран. Како резултат на ова, „Иран ер“ во јуни потпиша договор со американскиот произведувач за купување на авиони „боинг“ од сериите 737 и 777.
- Американскиот конгрес сака да се блокира продажбата на авиони на Иран -
Од друга страна, Претставничкиот дом на САД минатата недела го одобри предлог-законот со којшто се забранува продажбата на авиони на Иран.
Со предлог-законот предвиден е еден член со кој се откажува претходно дадената дозвола за продажба, така што овој овој член дава можност за откажување на продажбата на авионите.
За предлог-законот да стапи на сила, потребно е да биде одобрен од Сенатот и со потпис на претседателот Барак Обама. Белата куќа, пак, информираше дека претседателот Обама ќе стави вето врз овој закон.
Покрај ова, изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, кој ќе ја презеде функцијата на 20 јануари 2017 година, уште повеќе ги комплицира работите. Трамп ги критикуваше политиките на Обама кон Иран и изјави дека во случај да биде избран за претседател, ќе го поништи нуклеарниот договор со Иран.