Mehtap Yılmaz
20 Јуни 2019•Ажурирај: 22 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Северна Македонија е земјата со најнизок индекс на цените на храна и алкохолни пијалаци во Европа, додека Норвешка е земјата со највисок индекс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Институтот за статистики на Турција (ТУИК) ги објави резултатите од Паритетот на куповна моќ за 2018 година, според индексот на нивото на цените за храна, пијалаци и цигари.
Во резултатите се опфатени 28 земји од Европската Унија (ЕУ), три земји од Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), односно Швајцарија, Исланд и Норвешка, пет земји кандидати: Турција, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија, како и Босна и Херцеговина, која е потенцијален кандидат.
Споредбата меѓу 37-те земји покажува дека најнискиот индекс на цените го има Северна Македонија - 62, додека највисокиот индекс, Норвешка - 163.
Според овој индекс, Турција се наоѓа на 34. место.
Индексот на нивото на цените ја покажува куповната моќ на националните валути во споредба со девизниот курс. Во случај индексот за нивото на цените на една земја да е над 100, тогаш таа земја се смета за „скапа“, според просекот на групата земји со кои се споредува, додека ако е понизок од 100, тогаш таа земја се смета за „евтина“.