Gökhan Ergöçün
28 Јануари 2022•Ажурирај: 30 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот магазин „Ексхибитор“ (Exhibitor) го вброи домашниот автомобилски бренд на Турција, ТОГГ, помеѓу 20-те најдобри бренда кои учествувале на Саемот за потрошувачка електроника „CES 2022“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу 2.300 бренда учествуваа на настанот одржан од 5 до 7 јануари во САД.
Основан во 2018 година, ТОГГ го претстави првиот прототип на електрично возило на Турција во декември 2019, кое се очекува да се појави на пазарот во 2022 година.
Компанијата на CES 2022 го претстави нејзиниот модел „седан“.