Şebnem Coşkun
28 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
ПУЕРТО ВИЛИЈАМС
Турскиот истражувачки тим кој минатата недела тргна од Истанбул кон Антарктикот, денеска пристигна во јужноамериканската земја Чиле, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимот на шестата Национална научна експедиција на Антарктикот на Турција кој се состои од 20 члена, стигна до градот Пуерто Вилијамс преку Мадрид по летови од 22 часа, три трансфери и 33 часа чекање.
Тие додадоа околу 750 килограми лична и истражувачка опрема на двата тона работи што претходно беа испорачани на континентот.
По седумдневен период на карантин во Пуерто Вилијамс поради мерките за Ковид-19, тимот на експедицијата со авион ќе замине на островот Кинг Џорџ.
Членовите на тимот подоцна ќе се качат на брод за да стигнат до областа на турскиот истражувачки камп лоцирана на островот Хорсшу на Антарктикот по еднонеделно пловење.
Истражувачкиот тим, кој вклучува и двајца истражувачи од Португалија и Бугарија, ќе спроведе истражувања за еден и пол месец на замрзнатиот континент за 14 проекти од различни области од науки за Земјата до науки за животот.
Бидејќи тимот ќе биде речиси целосно исклучен од надворешниот свет откако ќе стигне до Антарктикот, Институтот за поларни истражувања на Турскиот совет за научно и технолошки истражувања (TUBITAK) внимателно ќе го следи деноноќно и ќе обезбеди поддршка во различни области како што се сателитски снимки, временски услови и брза помош.
Во меѓувреме, Агенција Анадолија ќе ги покрива и емитува активностите и патувањето на тимот.