Handan Kazancı
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Луѓето низ светот се обидуваат да пронајдат начини за справување со новиот тип коронавирус, а инструкторката на техниката за позитивно размислување, Анил Шехирлиоглу препорачува дека позитивните мисли се силно оружје против оваа пандемија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Анил Шехирлиоглу, која зборуваше за АА, изјави дека во услови на пандемија луѓето треба да обратат внимание на нивното ментално здравје, како и на тоа што јадат и пијат.
„Затоа што чувството на несреќа е емоција која најмногу го ослабува имунолошкиот систем“, изјави Шехирлиоглу.
„Во моментот, да се биде емотивно силен и смирен е она на кое најмногу треба да обратиме внимание“, додаде таа.
Таа изјави дека сега е вистинско време да се посветиме на нашиот внатрешен свет и да го зајакнеме нашиот личен простор и емоции.
„Радоста, смеата и мирот имаат голем ефект врз нашиот имунолошки систем“, додаде таа.
„Можеби не се чувствуваме така во моментот, но треба да се запрашаме колку долго ги имавме овие чувства, пред да наидеме на коронавирусот во нашите животи“, рече таа.
Шехирлиоглу рече дека физичкото и менталното здравје влијаат едно врз друго.
„Секако, ние се грижиме за нашето физичко здравје, но менталното здравје исто така директно влијае врз нашиот имунолошки систем“, додаде таа.
Брзото ширење на коронавирусот низ целиот свет предизвика страв и анксиозност.
Шехирлиоглу нагласи дека луѓето што остануваат дома за време на оваа пандемија треба да медитираат, да читаат книги за личен развој и да гледаат филмови кои прават да се чувствуваат добро.
Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 170 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус изнесува 435.000. Од последиците предизвикани од овој вирус починаа над 19.000, а речиси 112.000 се излекувани.