Mohamed Sabry Emam Muhammed
11 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
РИЈАД (АА) - Министерството за култура и информации соопшти дека Саудиска Арабија од март 2018 година ќе дозволи да работат комерцијалните кина, јавува Anadolu Agency (AA).
„Очекуваме првото кино да започне со прикажување филмови во март 2018 година“, вели министерот за култура и информации Авад Алавад.
Саудиските власти ги затворија сите кина во земјата во 1980 година.
Оваа одлука е донесена во рамките на реформите претставени од саудискиот крал Салман. Тој неодамна издаде декрет со којшто им се дозволува на жените да управуваат со автомобил.