Bojana Stojanovic
12 Јануари 2019•Ажурирај: 14 Јануари 2019
БЕЛГРАД (AA) - „Мрњау-фест“, фестивал посветен на мачките, денес и утре се одржува во Белград, а во рамките на фестивалот ќе биде одржано и натпреварување на мачки од Србија и бројни европски земји, Anadolu Agency (AA).
Како што најавија организаторите, на фестивалот, кој се одржува по петти пат, освен мачки, ќе има и многу креативност, бидејќи мачките „отсекогаш биле следбеници на креативни луѓе - од уметници до научници, од Леонардо до Тесла“.
Првиот ден на фестивалот ќе го одбележи дружење со ликовите од мјузиклот за деца „Како настанаа лошите зборови“, според текстот на Душко Радовиќ.
Организирани се и забавни работилници, како и содржини за децата и целото семејство.
Во текот на вториот ден од фестивалот, односно утре, ќе се претстави „мрњау-старател“ и ќе понуди здрави и негувани мачки на вдомување во периодот од 12:00 до 17:00 часот.
Во Домот на млади во Белград, посетителите можат да видат различни мачки, од персиски, егзотични, сијамски, до оние без крзно, односно сифникс-мачки.
Фестивалот, во текот на двата дена е отворен од 10:00 до 18:00 часот, а за децата од предучилишна возраст влезот е слободен.