Emel Öz Gözellik
11 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Во Индија 99 лица починаа поради консумирање фалсификуван алкохол, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, полициските службеници соопштиле дека во индиските северни сојузни држави Утар Прадеш и Утараканд починале уште 60 лица поради консумирање фалсификуван алкохол, со што вкупниот број на починати се зголеми на 99 лица.
Властите велат дека во болниците се лекуваат голем број лица кои консумирале фалсификуван алкохол, и дека постои загриженост од зголемување на бројот на жртви.
Според соопштеното, 200 лица биле приведени поради овој случај.