Amina Zorniç
09 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во екот на ниските температури што ја зафатија Европа, жителите на Истанбул понудија храна и топло засолниште за кучињата скитници, пишува Anadolu Agency (AA).
Фоторепортерот на АА во еден трговски центар во Истанбул фотографираше неколку премрзнати кучиња што граѓаните ги засолнија од студот на улиците.
Откако беа нахранети и завиткани во дебели ќебиња, голем број кучиња седеа пред излозите на скапите продавници.
Студениот бран што ја зафати Европа веќе ги зема првите човечки животи. Додека хуманитарните организации апелираат дека најзагрозени се бегалците што се на улица, без покрив над главата, папата Франсис на денешната миса ги повика сите верници да ги стоплат своите срца и да им помогнат на бездомниците што се смрзнуваат на улиците.