Ekipa
27 Април 2018•Ажурирај: 28 Април 2018
ЛОНДОН (АА) - Најмладиот принц, петти во наследната линија за тронот на Обединетото Кралство, синот на војвотката од Кембриџ, Кејт Миделтон и британскиот принц Вилијам, доби име Луис Артур Чарлс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Кенсингтонската палата денес е потврдено дека е титулата на најмладиот принц е Негово височество принцот Луис од Кембриџ.
Војвотката од Кембриџ, Кејт Миделтон, и британскиот принц Вилијам во понеделникот станаа родители по трет пат.
Палатата тогаш објави дека Кејт околу 11 часот по локално време родила син, неколку часа откако беше примена во болницата Сент Мери во Лондон.
На пораѓањето присуствуваше и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам. Парот се венчаше во 2011 година и има четиригодишен син Џорџ и двегодишна ќерка Шарлот.
Момчето е шесто правнуче на кралицата Елизабета II и петто во наследната линија за тронот по дедото принцот Чарлс, по таткото принцот Вилијам и браќата и сестрите.