Emre Gürkan Abay
14 Ноември 2021•Ажурирај: 15 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Русија започна со испорака на системот за противвоздушна одбрана С-400 на Индија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Русија започна со испорака на системот С-400 на Индија“, изјави во Дубаи, Дмитриј Шугаев, шефот на руската Федерална агенција за воена и техничка соработка, за руската новинска агенција ТАСС.
Договорот меѓу Индија и Русија за купување на системот С-400 беше потпишан во ноември 2018 година за вкупна цена од 5,4 милијарди долари.
Се очекува испораките да бидат завршени во април 2023 година, во согласност со договорот помеѓу индискиот премиер Нарендра Моди и рускиот претседател Владимир Путин.