Ahmad Adil
04 Јуни 2024•Ажурирај: 07 Јуни 2024
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Десетици луѓе во Индија починаа во последните неколку недели поради континуираниот топлотен бран, јавува Анадолу.
Неколку индиски градови се зафатени од топлотниот бран со температури над 49 степени Целзиусови, а многу сојузни индиски држави јавуваат за смртни случаи од топлотниот бран.
Според ургентниот центар во источната држава Одиша, до синоќа потврдено е дека 30 лица починале поради топлотниот бран.
Минатата недела во северната држава Утар Прадеш, 33 службеници на должност за последната фаза од општите избори починаа поради високите температури.
Њу Делхи минатата недела забележа температура од 52,9 Целзиусови степени, но метеоролошките служби подоцна рекоа дека отчитувањето било погрешно. Главниот град минатата недела, исто така, го забележа својот прв смртен случај поврзан со високите температури.
Во источната држава Бихар, властите во градот Аурангабад за Анадолу изјавија дека шест лица починале поради топлотниот бран.
Претставникот за управување со катастрофи во западната држава Раџастан, Ракеш Кумар Меена, за Анадолу денес изјави дека речиси 12 лица починале поради топлотниот бран.
Индиските медиуми минатата недела објавија дека во државата регистрирани се 24.849 случаи на мозочни удари од високите температури и 56 потврдени смртни случаи поради болести поврзани со високите температури во периодот помеѓу 1 март и 30 мај.
Индиската веб-страница за вести „Принт“, повикувајќи се на податоци на Националниот центар за контрола на болести, објави дека мај е најсмртоносниот месец, со 46 смртни случаи поврзани со високите температури.
Мај се смета за најтоплиот месец во земјата.