Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Претпријатие за индустриско земјоделство од Соединетите Американски Држави (САД) ќе плати 2 милијарди 55 милиони долари отштета за брачен пар кој се разболел од карцином, предизвикан од производот што се користи за чистење на плевелот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поротата на Окружниот суд во Оукленд одлучи дека производот „Roundup Ready“ на претпријатието „Monsanto Co“ предизвикал карцином на лимфниот систем кај Алва и Алберта Пилиод.
Поротата, исто така, донесе одлука компанијата на парот Пилиод да му исплати отштета од 2 милијарди 55 милиони долари.
Алберта Пилиод, истакнувајќи дека со сопругот веќе девет години се борат со карциномот, рече: „Нашиот живот се промени засекогаш. Не можеме да го правиме тоа што го правевме порано.“
Адвокатот на парот, Мајкл Милер, наведувајќи дека сумата од 2 милијарди долари може да се намали по жалбите, рече дека се подготвени за долгогодишна судска борба.