Ali Murat Alhas
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Во екот на пандемијата на Ковид-19 милијарди луѓе ширум светот се принудени на домашна изолација за да се оствари социјалната дистанца како најефективна мерка на борбата против ширењето на вирусот, но експертите предупредуваат дека, зависно од однесувањето на поединци, таквата ситуација може да доведе до јакнење на семејните врски, но и нивно прекинување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Психологот Рита Креспи Улген изјави дека новонастанатата ситуација, во контекст домашна изолација и недостаток на дружење со луѓето надвор од нашите семејства, може да предизвикаат анксиозност и нервоза, кои потоа можат да доведат до несогласување и расправии меѓу партнерите.
Таа ги повика паровите да бидат повнимателни во однесувањето кон своите партнери, да избегнуваат меѓусебно обвинување и да ја градат својата врска врз основа на емпатија, здрава комуникација и почитување на личните разлики.
„Да комуницираме, да научиме да ги слушаме партнерите и да покажеме емпатија“, изјави Улген, додавајќи дека со прифаќањето на разликите ги јакнеме нашите врски.
Со оглед на фактот дека паровите немаат друга опција освен да останат во своите домови, тие треба меѓусебно да го почитуваат личниот простор и некое време да поминуваат разделени во различни соби.
„Да го заштитиме нашето физичко и ментално здравје и да обратиме внимание на нашата исхрана и спиењето“, изјави таа.
Таа ги повика партнерите да бидат љубезни едни кон други, велејќи дека тоа е „заразно“ чусвство.
Улген изјави дека паровите би требало да постават заеднички цели и да работат заедно на тоа да ги постигнат.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на заразата кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2.4 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот изнесува над 171.000.