Emel Öz Gözellik
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Од забавниот парк „Делфинбејз“ избегале четирите делфини што ги забавуваа туристите во јапонскиот град Тајџи, јавува Anadolu Agency (AA).
Градот Тајџи е познат како место во кое се убиваат делфините, а по бегството на четирите делфини беа вратени три од нив. Вработените во центарот потврдија дека делфините ја искинале мрежата во базенот во кој се наоѓале.
Според нивните зборови, веднаш по бегството се вратени три делфини. Потсетуваме дека во 2010 година од еден забавен парк во истото подрачје избегаа голем број делфини. Беше потврдено зад ова стои една холандска организација за заштита на околината.
Документарецот „Заливче“ награден со Оскар во 2009 година, го привлече вниманието на светската јавност кон заливот во јапонскиот град Тајџи, каде што со поддршка на власта се ловат и се убиваат делфини и китови.
Станува збор за потресен документарец за масакарот над делфините во тоа подрачје.