Ekipa
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Филмскиот режисер Карлос Карваљо беше убиен од жирафа за време на снимањето на филм во Јужноафриканската Република, пренесува Anadolu Agency (AA).
Филмската агенција „CallaCrew“ соопшти дека несреќата се случила за време на снимањето на фармата „Глен Африк“ во Бродерструм, северозападно од Јоханесбург.
Агенцијата вели дека Карваљо настрадал на сетот по што бил префрлен во болница во Јоханесбург, каде што починал како последица од повредите.
Јужноафриканските медиуми објавија дека жирафата на Карваљо му задала силен удар со вратот, по што тој паднал на земја.
Карлос Карваљо (47) добитник е на бројни филмски награди, меѓу кои се истакнува наградата „Сребрен лав“ на Канскиот филмски фестивал во 2003 година.