Gözde Bayar
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
АНКАРА
Јужна Кореја тестираше нов балистички проектил со долг домет и поголема способност за носивост, извести вчера државната новинска агенција „Јонхап“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Јонхап“ објави дека пробното лансирање на „Хјунму-4“ е извршено на полигонот Анхеунг со кој управува државната Агенција за развој на одбрана во Таеан, на западниот брег од земјата.
Еден од двата проектили кои се тестирани е наводно неуспешно лансиран.
Се претпоставува дека новата ракета има домет до 800 километри и може да носи боева глава од 2 тона.