Adam Abu-bashal
18 Октомври 2020•Ажурирај: 18 Октомври 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 646 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.646.896.
Исто така, вкупната бројка на починати се зголеми на 39.622.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (18.408), по која следуваат Египет (6.109) и Мароко (2.878).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (702.131), по која следуваат Мароко (170.911) и Египет (105.297).
Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.352.639 лица.