Emel Gözellik
18 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
АНКАРА
Во Индија, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште 1.033 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на Индија.
Се истакнува дека во последните 24 часа како последица на овој вирус починале 1.033 лица.
Со ова, вкупниот број на починати од Ковид-19 во Индија се зголеми на 114.031.
Откриени се уште 61.870 нови случаи на заразување со овој вирус, со што вкупната бројка на откриени случаи во оваа земја порасна на 7.494.551.