Ruslan Rehimov
18 Октомври 2020•Ажурирај: 18 Октомври 2020
БАКУ
Азрбејџан и Ерменија договорија привремено хуманитарно примирје кое во сила стапува во полноќ на 18 октомври, по локално време, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека одлуката за привремено примирје во согласност со декларацијата на претседателите на земјите членки на Минск групата на ОБСЕ донесена на 1 октомври, со декларацијата на челниците на Минск групата на ОБСЕ донесена на 5 октомври и декларацијата од Москва од 10 октомври.
Ерменија и Азербејџан на преговорите во Москва договорија примирје од хуманитарни причини кое во сила стапи на 10 октомври во 12 часот, а чија цел беше размена на телата и затворениците во Нагорно-Карабах.
Ерменската војска неполни 24 часа од примирјето изведе напад врз градот Генџе, во Азербејџан, во кој загинаа десет лица, а 35 се ранети.
Во нападот на ерменските сили врз цивилите во Тартар изведен на 15 октомври, загинаа четири лица,а а четири се ранети.
Денес врз Генџе е изведен нов напад во кој загинаа 13 цивили, а повеќе од 50 се ранети.