Hasan Esen
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ЛОНДОН
Од последиците на Ковид-19 во Велика Британија за 24 часа починале 717 лица, со што бројот на смртни случаи во таа земја е зголемен на 11.329, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство, бројот на смртни случаи е зголемен од 10.612 на 11.329. Во последните 24 часа бројот на заразените е зголемен за 4.342 на 88.621.
Тестирани се уште 10.745 лица, со што вкупниот број на тестирани е зголемен на 367.667.
Се очекува мерката за делумен карантин, која истекува во четврток, да биде продолжена.
Владата оваа одлука ќе мора да ја донесе без премиерот Борис Џонсон, кој продолжува да закрепнува од Ковид-19 и кој, според советите на лекарите, нема да се врати веднаш на работа.
На коронавирус беа позитивни и принцот Чарлс и министерот за здравсто Мет Хенкок.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.