Fuat Kabakcı
26 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
ПЕКИНГ
Во последните 24 часа во Кина се потврдени 13 нови случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека сите нови случаи на заразување се увезени од други земји. Во изминатите 24 часа немаше смртни случаи поврзани со Ковид-19. Од вкупниот број заразени во изминатиот ден, 11 се регистрирани во главниот град Пекинг.
Во Кина досега заразувањето со Ковид-19 е потврдено кај 83.462 лица, а починаа 4.634 лица.
Наставата во училиштата во Пекинг привремено е запрена за да се спречи ширењето на пандемијата во главниот град. Привремено се запрени и колективните активности како што се спортските и културните настани.
Властите во Пекинг наредија тестирање на сите лица поврзани со пазарот „Синфади“, со оглед на тоа дека во тој округ во претходните денови се забележани нови слчаи на заразување. Исто така, сите лица кои биле во контакт со заразените ќе останат 14 дена во домашен карантин. Наредено е пазарот да биде затворен и сите вработени да бидат тестирани.
По наглиот пораст на случаите на заразувањето во Пекинг порасна и загриженоста од вториот бран на вирусот.
Од Центарот за контрола и превенција на болеста во Јужна Кореја наведено е дека во изминатите 24 часа во таа земја се потврдени 39 нови случаи на заразување. Бројот на заразените е зголемен на 12.602, а од последиците на заразувањето со Ковид-19 починаа 282 лица.