Muhammed Emin Canik
17 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС
Втора земја во светот која е најмногу погодена од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот е Бразил. Во последните 24 часа во оваа земја од последици предизвикани од заразеност со коронавирусот животот го загубија 1.282 лица, и по четири дена повторно бројот на смртни случаи во оваа земја ја помина границата од 1.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека со последните 1.282 смртни случаи предизвикани од последици на заразеност со Ковид-19, вкупниот број на починати се искачил на 45.241. Во последното деноноќие детектирани се 34.918 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на лица кои биле позитивни на тестот се зголеми на 923.189.
Најпогодена област во Бразил од пандемијата на коронавирусот, со популација од приближно 46 милиони е центарот на трговијата во земјата, државата Сао Паоло, со 190.285 лица позитивни на Ковид-19 и 11.132 смртни случаи.
По неа следува Рио де Жанеиро со 83.343 позитивни на вирусот и 7.967 починати.
Бразил, според последните податоци е втора земја во светот, зад САД, според бројот на лица позитивни на вирусот и смртни случаи предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус.
Бразил со популација над 211 милиони се опишува како „епицентар на заразата“ во Јужна Америка.