Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Hacer Başer
19 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Советот на исламските вакуфи во Ерусалим соопшти дека комплексот „Ал Акса“ во Источен Ерусалим ќе биде отворен за молитва по Рамазан бајрам, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението се наведува дека е донесена одлука за отворање на „Ал Акса“, која е затворена уште од март, затоа што е регистрирано намалување на ширењето на заразата.
Се истакнува дека одлуката ќе се спроведена по Бајрам, а мерките и правилата што ќе треба да се почитуваат дополнително ќе бидат објавени.